11.8 C
Skopje
сабота, 7 февруари 2026

Татко му е бразилска легенда, мајка му е Бразилка, а тој ќе дебитира за Англија

Синот на легендарниот бразилски фудбалер Тијаго Силва ќе дебитира за репрезентацијата на Англија, откако доби повик да биде дел од У15 националниот тим. Тинејџерот веќе се приклучи во составот на Гордиот Албион.

Тијаго Силва има 113 настапи за Бразил и е петти по бројот на настапи за петкратниот светски првак, во клупската кариера остави длабока трага во англискиот фудбал, носејќи го дресот на Челзи.

Во Челзи сега играат двата сина на Тијаго Силва, а помладиот 14-годишен Јаго сега е дел од репрезентацијата на Англија во неговата возрасна категорија. Иако и мајка му и татко му се Бразилци, тинејџерот има право да го облече дресот на Англија затоа што таму живее повеќе години. Тој е и една од најголемите млади надежи на Челзи.

Оваа репрезентација на Англија за играчи до 15 години се подготвува за два пријателски меча против селекциите на Кипар и против САД. Дури и самиот Тијаго Силва јавно кажа дека би му било мило неговите двајца синови кариерите да ги градат во Англија.

 

- Оглас -

Најнови вести