Таткото го стави син му да игра, а тој после 42 секунди доби црвен картон (Видео)

Несекојдневна ситуација се случи на дербито на мексиканската лига помеѓу Клуб Америка и Монтереј. Гостите водеа со 3-1, па тренерот Антонио Мохамед реши во 92-ра минута на терен да го уфрли син му Шаир. Синот изгледа беше премногу мотивиран, безглаво тргна и после само 42 секунди на терен, доби црвен картон за груб фаул.

На мечот кој се играше на култниот стадион „Ацтека“ во Мексико сити, имаше три црвени картони, ова дерби секогаш е жестоко, а тренерот на Монтереј сега зажали што му даде доверба на синот.

Погледнете каков беше фаулот кој значеше излегување од игра после 42 секунди на терен:

https://twitter.com/i/status/1297495214219829249

- Оглас -

Најнови вести