Џуд Белингам сезонава игра фантастично за Реал Мадрид, за кого потпиша во летниот преоден рок, а шпанските медиумите открија дека фудбалерот се срами од потегот кој го направил неговиот татко за време на летниот преоден рок.
Белингам летово во трансфер вреден 103 милиони евра од Борусија Дортмунд се пресели во Реал Мадрид, иако голем интерес за него пројави актуелниот европски и англиски шампион, Манчестер сити.
На крајот одлучи желбата на фудбалерот да игра за Реал, но неговиот татко одлучил да остане во контакт со претставниците на Манчестер сити и да им даде лажна надеж дека Џуд може да стане Граѓанин.
Челниците на Сити за измамата на таткото на фудбалерот дознале неколку дена подоцна, кога било објавено дека фудбалерот потпишал за Реал Мадрид.
Според медиумите, фудбалерот морал да реагира и да ѝ се извини на управата на Манчестер сити поради потегот на неговиот татко, кој пак не гледал ништо спорно во тоа да се шегува со Граѓаните.