Хусеин Чалханоглу, таткото на Хакан кој е фудбалер на Интер од Милано, се претвори во главен агент на Галатасарај во обидите на клубот да го донесе турскиот фудбалер за врска во своите редови.
Таткото на Хакан Чалханоглу го тагна својот син на Инстаграм и напиша: „Се надевам дека еден ден ќе дојдеш во нашиот Галатасарај“.
Ова беше споделено со колаж од фотографии од својот 31-годишен син кој има упте две години договор со Интер. Се шпекулира дека Интер би се согласил да го продаде Турчинот за сума од 40 милиони евра.