Сопственикот на Тотенхем, Даниел Леви, имал специјален гостин во саботата, а таткото на Елиф Елмас бил на трибините на „Вембли“, на големото дерби на Северен Лондон со Арсенал.
Причината е јасна, интересот на Тотенхем за нашиот фудбалски бисер Елиф Елмас. Талентот на Фенербахче веројатно веќе ова лето ќе може да се пресели во друг клуб откако тренерот на турскиот гигант објави дека има премногу фудбалери во клубот, а меѓу тие што ќе можат да си бараат нова средина се споменува и Елмас.
За Елиф воопшто нема да има проблем да си најде нов клуб, бидејќи веќе е на радарот на европските гиганти. Меѓу нив во првите редови е Тотенхем, а интерес има и од Лестер.