Таткото на Халанд бил исфрлен од ложата на „Сантијаго Бернабеу“, домашните фанови ги гаѓал со кикиритки

Алф-Инге, таткото на напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, тврди дека не ги гаѓал со кикиритки навивачите на Реал Мадрид за време на вчерашниот дуел кој се играше на „Сантијаго Бернабеу“.

Првата полуфинална пресметка во Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и Манчестер сити заврши без победник (1:1), а Алф-Инге бил исфрлен од ложата на „Сантијаго Бернабеу“ бидејќи ги гаѓал со кикиритки домашните навивачи и притоа им го покажувал средниот прст.

„Тоа не е точно, не ги гаѓав навивачите. Ние се шегувавме, а тие не беа среќни кога Сити постигна гол. Потоа моравме да се преместиме 50-тина метри подалеку. Ништо повеќе, сите се среќни. Добро, не скоро сите се среќни“, напиша таткото на Ерлинг на социјалните мрежи.

- Оглас -

Најнови вести