Таткото на Јамал: Навивав за Реал, но не ми е гајле, Барса е таа која ме храни!

Таткото на Ламин Јамал, Мунир Насрауи, по Купот на Шпанија, кој го освои Барселона, изјави дека Барса е таа која го храни и дека не е важно што во минатото беше голем фан на Реал Мадрид.

„Дури и да бев навивач на Реал Мадрид, не ми е гајле! Барса е таа што ме храни. Кога Ламин се роди, во првата секунда кога го држев, му реков дека ќе бидеш најдобриот играч на светот“, изјави таткото на младата суперѕвезда на Барса.

Но, минатото не може да се избрише, барем не на интернет, иако Мунир ги тргна сите свои фотографии кои го поврзуваат со Реал. Само пред три години тој беше снимен во Мадрид како прославува победа на Кралскиот клуб во Ел Класико против лутиот ривал од Каталонија.

Сепак, Реал му беше само во срце, Барса е таа која го храни преку платата која ја зема син му од тој клуб, за него повеќе од доволна причина да се направи промена на страната.

- Оглас -

Најнови вести