20.8 C
Skopje
вторник, 23 септември 2025

Таткото на Јамал не е задоволен: „Нешто чудно се случи, Ламин е најдобриот во светот“

Фудбалскиот свет доби нов освојувач на Златната топка, Усман Дембеле, иако можеби некој очекуваше и до последен момент се надеваше дека тоа ќе биде младата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал.

Сепак, Јамал и втора година беше прогласен за најдобар млад фудбалер, а во конечното рангирање за Златната топка го освои второто место. Ова очигледно не му се допадна на таткото на Ламин, Мунир Насрауи, кој најпрво им се обратил на шпанските новинари со зборовите: „следната година ќе биде наша“, но потоа во директно вклучување го изразил своето незадоволство.

„Мислам дека ова е најголема… нема да кажам кражба, туку морална штета која му е нанесена на еден човек. Мислам дека Ламин Јамал е најдобриот фудбалер на светот со голема разлика, огромна разлика. Не затоа што е мој син, туку затоа што е најдобриот фудбалер на светот, мислам дека нема конкуренција. Тука се случи нешто чудно“, рече таткото на Ламин Јамал.

- Оглас -

Најнови вести