Ламине Јамал блескаше на мечот против Интер во полуфиналето од Лигата на шампионите, но и три дена претходно во финалниот меч од Купот на Шпанија против Реал Мадрид. Токму после тој меч следуваа низа на критики и навреди кон најдобриот млад фудбалер во светот од страна на навивачите на „кралевите“, а токму тоа беше повод за реакција и на неговиот татко, Мунир Насрауи.
„Мора да му оддадеме признание на 17-годишне фудбалер кој веќе има 100 настапи за Барселона. Мора да бидеме горди и да му честитаме, а не да го критикуваме зошто игра за еден или друг клуб. Жално е да се гледа како го критикуваат и навредуваат Ламине. Навивачите на Барселона не ги навредуваат младите фудбалери на Реал Мадрид, ниту на било кој друг клуб. Треба да ги почитуваме сите млади таленти и да им помогнеме за да бидат уште подобри.“ – вели Насрауи за шпанските медиуми.