Мунир Насрауи, таткото на 18-годишниот фудбалер на Барселона, Ламин Јамал, ја објави својата свршувачка.
Таткото на Јамал објави фотографија на социјалните мрежи со својата 23-годишна девојка, додавајќи емотикон во форма на срце и венчален прстен.

Свршеницата на 39-годишниот Мунир се вика Кристина и е 16 години помлада од него, а само пет години постара од син му. Таткото на еден од најдобрите фудбалери во светот својата млада девојка ја запознал пред една година, а во врска биле официјално од април годинава.
Родителите на Јамал се развеле кога тој имал три години. Двајцата имаат деца од вторите бракови, а Јамал може да добие уште некој полубрат или полусестра.

