0.8 C
Skopje
среда, 21 јануари 2026

Таткото на Јамал со порака до фудбалерите на Реал: „Ќе се видиме во Барселона“

Реал Мадрид ја победи Барселона со 2-1 и сега има пет бода предност пред најголемиот ривал на врвот од табелата во Ла Лига. По завршувањето на мечот Тибо Куртоа и Дани Карвахал имаа што да му кажат на Ламин Јамал, кој одигра катастрофален натпревар, а најжесток беше Винисиус кој го повика дури и на физичка пресметка.

Причината беа изјавите кои ги даваше младиот фудбалер на „каталонците“, а се однесуваа за Реал Мадрид. На социјалните мрежи се огласи и таткото на Јамал, кој напиша: „За среќа тој има само 18 години. Ќе се видиме во Барселона“.

 

- Оглас -

Најнови вести