Таткото на Ламин Јамал, Насир Мазрауи, повторно е во центарот на вниманието во шпанската јавност, а овојпат со изјавата дека сè уште работи. Како што вели, многумина го обвинувале дека живее на грбот на синот, но тој откри дека и понатаму работи.
„Кога одам по улиците, се сеќавам дека некогаш барав работа во градежништвото, но никој не сакаше да ме вработи. Денес ако барате работа, сигурно ќе ја добиете. Но младите не сакаат да работаат. Треба да ги мотивирате да станат, да направат нешто од себе. Парите ќе дојдат, но ако само седите и го трошите времето, ќе изгубите се. Многумина зборуваат глупости. Велат: Зошто не работиш? Зошто живееш на грбот на синот? Да, живеам на грбот од синот и му благодарам за тоа. Мојот син не мора да ме носи во старечки дом, сè уште можам да работам. Собирам картонски кутии низ Барселона и ги продавам за осум центи по килограм. Не сакам да седам и ништо да не правам. Имам две раце. Додека можам – ќе работам“ – вели 36-годишниот Насир Мазрауи.

