21.8 C
Skopje
вторник, 30 септември 2025

Таткото на Ламин Јамал: Ти благодарам сине, цел живот ќе бидам на твој грб

Таткото на Ламин Јамал уште еднаш го привлече вниманието, а овојпат тој реши да се „пресмета“ со оние коишто го критикуваат дека не работи ништо професионално и дека живее на грбот на својот славен син.

„Многу луѓе ми зборуваат глупости: ‘Зошто не работиш нешто? Живееш на грбот на својот син’. Ќе ви кажам нешто господа:’„Ти благодарам сине, цел живот ќе бидам на твој грб’“, иронично рече таткото на Ламин, додека на едно видео се гледа како подготвува храна.

„За оние коишто немаат никого – немаат деца, немаат браќа, немаат пријатели, ништо, и секогаш зависат од животите на другите – нека најдат нешто подобро да прават. Погледнете ме, јас готвам. Ќе јадете кај мајка ви? Јас не. Го правам тоа тука, дома и со уметност. Тоа се вика уметност“, додаде тој.

- Оглас -

Најнови вести