Таткото на Лионел Меси подготвува сензационален трансфер за својот син, ако се суди по информациите дека тој во САД имал состанок со претседателот на Ал-Хилал, Фахд бин Нафел.
Екипата од Саудиска Арабија вечерва ќе има можност да се пласира во осминафиналето, каде веќе е Интер Мајами. Аргентинецот има договор со екипата од МЛС лигата до крајот на оваа година, па челните луѓе на Ал-Хилал сакаат да ја искористат ситуацијата и да го донесат најдобриот фудбалер во историјата.
Сепак, тешко е за верување дека Меси би прифатил преселба во Саудиска Арабија, бидејќи веќе се аклиматизираше во САД, а таму ќе се игра и Светското првенство следната година каде Аргентина ќе го брани трофејот.