Најновите информации во сагата околу иднината на Лионел Меси се дека неговиот татко Хорхе ќе се сретне со претседателот на Барселона, Жозеп Бартомеу. Темата на разговор е и повеќе од позната, но двајцата со свои агенти ќе се обидат да ја добијат дебатата.
Бартомеу ќе предложи нов договор за Меси при тоа да престане да ја нарушува веќе катастрофалната атмосфера во клубот, додека Хорхе ќе инсистира на пријателска разделба меѓу неговиот син и каталонскиот гигант.
Аргентинецот и натаму се надева на предвремен раскин на договорот кој му важи до јуни 2021 година, додека пак Барселона ја доби поддршката од Ла Лига според соопштението во кое е посочено дека Меси може да си замине само доколку се активира неговата клаузула од 700 милиони евра.