Договорот на Лионел Меси со Пари Сен Жермен ќе истече следниот месец, а речиси нема дилеми дека Аргентинецот веќе нема да го носи дресот на францускиот тим. Шпекулациите беа дека Меси ќе се одлучи да се врати во Барселона, тимот во којшто ги помина најубавите години во кариерата.
Сепак, факт е дека каталонскиот гигант се соочува со финансиски проблеми, па Меси нема да може да ги задоволи своите барања. Токму затоа, сè поверојатно е дека Аргентинецот може да направи трансфер во Саудиска Арабија, каде што веќе неколку месеци игра и Кристијано Роналдо.
Последните најави се дека таткото на Лео, Хорхе Меси, ја прифатил понудата од Ал-Хилал. Се очекува Меси да потпише двегодишен договор според кој ќе заработи 1,2 милијарди евра. Тоа значи дека Меси би добивал неверојатно 600 милиони евра по сезона, вклучувајќи ги сите бонуси, провизии и сите останати финансиски бенефити што следуваат.
🚨🔵🇦🇷 #SPL |
◉ Lionel Messi espère toujours rejoindre Barcelone mais…
◉ Son clan a déjà accepté une offre d’Al-Hilal 🇸🇦.
◉ Un contrat d’1,2 milliard d’euros sur 2 ans ainsi que la plus grosse commission de l’histoire.
Avec @sebnondahttps://t.co/7Nh53qr7dt pic.twitter.com/dO8oYjYYOj
— Santi Aouna (@Santi_J_FM) May 29, 2023