37.8 C
Skopje
понеделник, 11 август 2025

Таткото на Меси се налути и потенцираше кои се трите лаги за неговиот син

Лионел Меси се најде на „тапет“ во Париз и многумина го посочија како главен виновник за за испаѓањето на ПСЖ од Лигата на шампиони. Веќе се најавува дека Меси ќе биде исвиркан од фановите на утрешниот меч против Рен на „Паркот на принцовите“, а вчера се појавија шпекувации дека Аргентинецот го напуштил тренингот на Светците.

Поради овие шпекулации, со реакција се јави Жорге Меси, таткото на Лео. Жорге објави статус на кој потенцира дека во последно време се шират три лаги за неговиот син.

„Колку долго ќе лажете? Каде се доказите? Се е лага!. Нема веќе да ги толерираме невистините кои се пишуваат за да се соберат следбеници“, напиша Жорге на социјалните мрежи, а потоа објасни дека има има три лаги за неговиот син.

Првата лага била тоа дека Лео го напуштил тренингот на ПСЖ и дека се скарал со тренерот Галтие. Втората лага е дека ПСЖ не сакала да ги прифати условите на Меси за продолжување на договорот, додека третата лага е дека неговиот син наводно барал 600 милиони евра плата за да потпише за тим во Саудиска Арабија.

Овие вести од Жорге Меси ги пренесе реномираниот новинар, Фабрицио Романо.

Меси има 35 години и на крајот од сезоната му истекова договорот со ПСЖ.

- Оглас -

Најнови вести