Пеп Гвардиола во тренерската кариера во клубовите во кои работел има доведено голем број ѕвезди. Како едно од најголемите промашувања на Гвардиола е доведувњето на Дмитро Чигрински во времето кога беше главен во Барселона.
Украинецот дојде во Барселона по барање на Гвардиола, и тоа од Шахтар за трансфер вреден 25 милиони евра. Чигрински не се снајде најдобро, па брзо си замина од „Камп ноу“. Сега игра во грчкиот Ионикос, но неговото најблиско семејство е во Украина.
Неговата сопруга успеала да излезе од Киев, но неговиот татко, кој има 68 години, останал за да им помага на украинските сили во војната против Русија.
„Мојот татко има 68 години и помага во војната како волонтер. Тој претходно бил во војска. Ова не е војна само за Украина, туку и за хуманоста“, изјави Чигрински.