Таткото на Новак Ѓоковиќ хранејќи птици паднал и завршил во болница

Срѓан Ѓоковиќ, таткото на првиот тенисер на АТП ранг-листата, Новак Ѓоковиќ, заврши во Ургентниот центар во Белград поради повреда на надлактицата.

Според српски Курир, Ѓоковиќ околу 13.30 часот додека хранел птици, паднал од столица на која бил качен и наводно заработил скршеница на надлактицата.

Иако првично требало да биде пуштен на домашно лекување, лекарите одлучиле Срѓан да биде задржан во ортопетското одделение на Ургентниот центар на наредните ден-два.

Веднаш во Ургентниот центар пристигна и Новак Ѓоковиќ кој во Белград се подготвува за продолжението од сезоната и настапот на мастерсот во Рим.

- Оглас -

Најнови вести