Таткото на Новак: Ми го заробија синот, ако стоката не го ослободи тогаш излегуваме на протести

На Новак Ѓоковиќ не му е дозволен влез во Австралија откако тој слета на аеродромот во Мелбурн.

Најдобриот светски тенисер, како што е познато во моментов е во притвор од страна на тамошните власти и не се знае каква ќе биде одлуката.

Неговиот татко, Срѓан Ѓоковиќ даде изјава по повод сите случувања на Новак во изминативе часови.

„Немам поим што се случува, ми го држат синот во заробеништво неколку часа. Ова е борба за слободниот свет.

Ова не е борба само на Новак, туку е борба на целиот свет кој мора да почне да се буни против оваа стока. Ако не го пуштат за некој час ние ќе излеземе на улица да протестираме“ изјави Срѓан за српските медиуми.

- Оглас -

Најнови вести