12.8 C
Skopje
четврток, 12 февруари 2026

Таткото на Родри најави: „Мора да испишеме историја“ (Видео)

Најголемата желба на Реал Мадрид за летниот преоден рок е ѕвездата на Манчестер сити и поранешен освојувач на Златната топка, Родри. Шпанецот веќе седум години е дел од Граѓаните и освои сè што можеше да се освои, а сега е пред враќање во татковината.

На некој начин, ова го потврди и неговиот татко Антонио Ернандес, кој најави дека налето ќе испишат историја.

„Ме фативте неподготвен со тие микрофони. Ако нешто кажам, ќе морам потоа да ве убијам. Не можам навистина ништо да кажам, освен дека мојот син е среќен каде и да е“, рече Антонио.

Сепак, во продолжение на некој начин го најави трансферот на неговиот син во Реал.

„Мора да ме сфатите дека е потребна дискреција во вакви моменти. Навистина не знам ништо, но ќе испишеме историја“, додаде Ернандес.

- Оглас -

Најнови вести