Таткото на Вирц го стопирал трансферот во Сити или Реал: „Баерн е најдоброто место за твој развој“

Флоријан Вирц, младиот германски фудбалски бисер на Баер Леверкузен, најверојатно ќе ја продолжи кариерата во Баерн Минхен и покрај силниот интерес од европските гиганти Реал Мадрид и Манчестер сити.

Двата клуба биле подготвени да платат околу 150 милиони евра, но клучен фактор во пропаѓањето на тие преговори бил таткото и агент на играчот, Ханс-Јоаким Вирц.

Според германските медиуми, Ханс-Јоаким му испратил јасна порака на својот син.

„Нема да одиш во Сити или Реал, туку во Баерн. Тоа е најдобро место за твој развој.“

Иако Вирц лично разговарал со Пеп Гвардиола, и покрај иницијативата од страна на Реал за повторно обединување со Чаби Алонсо, состанокот меѓу Ханс-Јоаким Вирц и Ули Хенес ја запечати одлуката. Хенес, кој и понатаму има силно влијание во Баерн, успеал да го убеди семејството Вирц дека Минхен е вистинската дестинација за германскиот репрезентативец.

- Оглас -

Најнови вести