Мануел Пелегрини со 71 година и 254 дена вечерва стана најстариот тренер во историјата кој водел екипа во финале на некој од европските клупски купови.
Овој искусен стручњак седи на клупата на Бетис и во првото полувреме му одржа лекција на многу помладиот колега Енцо Мареска, кој го води Челзи. Сепак, Челзи губи само со 0-1, а на сите досегашни мечеви во Конференциската лига сезонава, Сините дава гол, па со право се надеваат дека ќе се извлечат и вечерва, иако се надиграни во првите 45 минути.
Пред 20-тина години, Пелегрини му беше тренер на Мареска во Малага, потоа работеа заедно во Вест хем како главен тренер и помошник, па затоа Италијанецот пред финалето рече дека Пелегрини му е „фудбалски татко“ и дека да не бил тој, сега Мареска не би работел како тренер.