Кристијано Роналдо секојдневно ги информира фановите како му поминуваат деновите во самоизолација. Ѕвездата на Јувентус на социјалните мрежи објавува видеа и фотографии како ја одржува формата, а за денешната сесија имаше и помош од своите деца.
Кристијано на објавеното видео напиша: „Деца, оставете го тато да вежба“, додека тие наоѓаа секакви начини да му попречат во тренингот, па за крај одлучи и да ги искористи како тегови.