Татран го стори тоа што мораше против Металург

Татран Прешов беше подобар од Металург со 30-20 во дуел од регионалната СЕХА-лига. Со оваа убедлива победа, словачкиот тим ги задржа шансите за пласман на финалниот турнир. Сепак, иако ја завршија домашната задача, во Татран не зависат само од своите резултати, туку мора да чекаат и кикс на четвртиот Мешков Брест, кој останува фаворит за заземање на четвртото место и пласман на фајнал форот, покрај Вардар, Загреб и Нексе.

Мотивираните домаќини беа убедливи во првото полувреме, кое го добија со 16-11. Во екипата на тренерот Данило Брестовац, која остана претпоследна на табелата, повторно го немаше Александер Шпенде и овојпат не успеаја да го повторат успехот од гостувањето кај Стеауа. Најдобри поединци кај Металург беа Димитриоски и Токиќ со по 4 гола, Чориќ даде три, а голманите Дупјачанец и Томовски бранеа по едно полувреме и имаа речиси идентичен број одбрани (Дупјачанец 6, Томовски 5).

Хрстка со 7 гола беше најефикасен кај Татран.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести