Таунс донесе триумф за Њујорк никс во Детроит

Њујорк никс поведe со убедливи 3-1 во серијата против Детроит пистонс, во првото коло од плејофот во НБА лигата.

Во новиот дуел во „Литл Сизарс Арина“, Никс ја добија драмата во завршницата и заслужено славеа со минимални 93-94. Херој на победата беше Карл-Ентони Таунс, кој постигна тројка од далечина во последните мигови за пресврт и голема победа на својот тим.

Најефикасен играч во победничкиот тим беше Џелен Брансон со 32 поени и 11 асистенции, додека претходно споменатиот Таунс заврши со 27 поени и девет скока.
Кејд Канингем го предводеше Детроит со „трипл-дабл“ (25-10-10), а Тобијас Харис имаше 18 поени. Тим Хардавеј додаде 14 поени, додека Џејлен Дуран доминираше со 17 скока.

Петтиот натпревар од серијата е закажан за вторник навечер (01:30 часот) во Мичиген.

- Оглас -

Најнови вести