37.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Таварес беше засамарен од едно дете во Белград, шмекерски реагираше на Твитер (Видео)

При гостувањето на Реал Мадрид во Белград кај Партизан, едно дете му испружи рака на центарот Валтер Таварес кој одеше кон соблекувална, а кога популарниот Еди пружи рака за поздрав, малиот фан на Црно-белите ја повлече раката, правејќи му финта на клучниот играч на Кралскиот клуб.

Таварес со насмевка го прифати потегот и го имитираше детето, местејќи си ја фризурата.

Откако виде снимка од моментот, Таварес го сподели тоа на „Твитер“ со коментар од два збора: „Има деца“, пропратено со емотикони на смеење, со што потврди дека ја прифаќа шегата.

Еве како наседна Таварес на трикот:

- Оглас -

Најнови вести