Кошаркарите на Реал Мадрид вечерва играат на гости против Басконија и ќе се обидат да се одмаздат за поразот во финалето на Кралскиот куп, а синоќа во хотел во Виторија, Марио Хезоња на телефон со интерес го следеше дербито што се играше помеѓу Црвена ѕвезда и Партизан.
Хрватскиот кошаркар, познат како голем навивач на Црно-белите, сподели видео на социјалните мрежи на кое се гледа како центарот на Реал, Еди Таварес, помина покрај него и штом виде што гледа, влезе во лифт и на српски рече:
„Партизане напаѓај!“.
Тоа го изненади и Хезоња, кој се насмеа, а потоа го прекина снимањето за веројатно да му одговори.

