Најдобриот светски тенисер, прворангираниот на АТП-листата, Карлос Алкарас, објави дека ја прекинал соработката со својот тренер Хуан Карлос Фереро. Некогашниот тенисер седум години му беше тренер на Алкарас и од талентиран тинејџер го претвори со најдобар на светот.
За време на нивната заедничка работа, Алкарас освои 24 титули во кариерата, од кои шест гранслема, помина 50 недели на првото место на АТП и освои сребрен олимписки медал.
„Многу ми е тешко да го напишам овој пост… По повеќе од седум години заедно, Хуанки и јас решивме да го завршиме нашето заедничко време како тренер и играч. Ви благодарам што ми ги остваривте соништата од детството. Го започнавме ова патување кога бев само дете, а вие бевте со мене на ова неверојатно патување – на и надвор од теренот. Ми помогнавте да пораснам како спортист, но најважно од сè, како личност. И најважно од сè, уживав во процесот и патувањето што го поминавме заедно. Сега и за двајцата е време на промени, нови авантури и нови проекти. Од дното на моето срце ти посакувам сè најдобро. Ти благодарам за сè, Хуанки!“, напиша Алкарас.
Нов тренер на Алкарас ќе биде Самуел Лопес.
Само неколку минути по објавата на Алкарас, Фереро се збогува од Карлитос, но исто така јасно стави до знаење дека раскинувањето потекнува од тенисерот.
„Тежок ден, тешко ми е да најдам зборови. Збогувањето никогаш не е лесно. Би сакал да продолжев. Работевме напорно, растевме заедно, имавме незаборавни моменти. Убеден сум дека добрите спомени и добрите луѓе секогаш наоѓаат начин повторно да се сретнат. Денес завршува едно многу важно поглавје од мојот живот. Го затворам со носталгија, но и со гордост и возбуда за она што може да дојде. Ти благодарам од дното на срцето Карлос и ти посакувам сè најдобро на личен и на професионален план“, порача Фереро.

