Тажен крај на футсал генијалецот Рикардињо, го шутнаа како „13-то прасе“ (Фото)

Најдобриот футсалер на светот, Португалецот Рикардињо, на лош начин се прости од шпанскиот клуб Мовистар Интер во кој играше седум сезони, период во кој петпати беше прогласуван за најдобар играч на светот.

Популарниот „О Маго“ од следната сезона ќе игра за Париз, па побарал од Мовистар Интер да не игра за нив на завршниот турнир во Малага, за да избегне повреда. Се појавија шпекулации дека клубот не го плаќал и дека имало нарушени односи помеѓу играчите во соблекувалната.

Интер ја освои титулата, но Рикардињо не играше ниеден меч, и седеше изолиран на преазните трибини, додека екипата беше собрана околу клупата. Така, неговото простување ќе го памети како тажен и понижувачки.

„Не се чувствував изолирано, колегите беа покрај мене, на тренинзите професионално си ја вршев работата. Така се чувствував само кога се најдов на трибините. Ова е тажен крај на еден прекрасен период во кој остварив соништа и станав најдобар на светот. Не си заминувам онака како што сакав, но не е ниту преку задна врата“ – изјави Рикардињо кој во јануари најави дека си оди од Интер.

- Оглас -

Најнови вести