12.8 C
Skopje
сабота, 4 октомври 2025

Тажен крај за хрватскиот клуб, згаснува по 93 години постоење

По 93 години постоење, хрватскиот клуб Шибеник е пред згаснување. Поради финансискиот хаос во клубот, Шибеник е на работ од одење во стечај, па предвидувањата се дека в понеделник ќе биде одигран и последниот натпревар на овој клуб во долгата и богата историја.

Шибеник пред еден месец беше исфрлен од првата хрватска лига во четвртиот ранг, но и во периодот кој помина не се промени ништо, па многу извесно е дека клубот ќе мора да згасне.

„„Денот што никој не го посакуваше веројатно е близу. ХНК Шибеник речиси 100% банкротира, натпреварот во Биоград е речиси/веројатно последен натпревар на нашиот клуб и секој што може да земе слободен ден или да се одјави од работа, треба да го стори тоа. Целта е што е можно повеќе навивачи и поддржувачи да одат и достоинствено да се збогуваат со 93-годишниот клуб“, велат навивачите на Шибеник, кои се подготвуваат за понеделник и последниот натпревар на нивниот клуб против Приморац во Биоград.

- Оглас -

Најнови вести