Тажен крај за Томас Милер, веќе никогаш нема да игра меч од ЛШ за својот Баерн (Видео)

Елиминацијата на Баерн Минхен од Интер значеше крај на една ера, Томас Милер за последен пат одигра меч од Лигата на шампионите во дресот на Баварците.

Милер посакуваше простувањето да му биде во финалето, кое ќе се игра на нивната „Алијанц арена“ во Минхен, но тоа нема да се случи. Милер летово си заминува од Баерн, со кого во ЛШ освои две титули, а имаше ефект од 57 гола и 34 асистенции на 163 меча.

Тој можеби ќе продолжи да игра во некој клуб што ќе се натпреварува во ЛШ, но во дресот на Баерн, тука е крајот, затоа и тој беше најтажен по мечот во Милано.

Погледнете ги емоциите на Милер:

- Оглас -

Најнови вести