Бундеслигата ќе го скрши мразот од топ 5 лигите и прва ќе стартува со шампионатот. Во 15.30 часот првите пет средби од 26-тото коло, а главен акцент се става на дербито меѓу Борусија Дортмунд и Шалке 04 кое ќе се игра на „Вестфален“.
Тажна е глетката што трибините на овој култен стадион ќе бидат празни, несомнено „Жолтиот ѕид“ ќе им недостасува на Милионерите во улогата на 12-ти играч. Сепак, забранетиот пристап на навивачите беше еден од главните услови да се доврши шампионатот, па затоа сите ќе мора да се навикнеме на ваквото следење натпревари.
Во пресрет на мечот, двете екипи атакуваат на трите бода со цел во добро светло да го најават рестартот на сезоната. Дортмунд се бори за титулата со Баерн Минхен и според табелата заостанува со 4 бода зад лидерот, додека Шалке е во битка со Леверкузен и Волфсбург за местата кои водат во Лигата на Европа.
На Лусиен Фавр му недостасуваат неколку клучни играчи за овој дуел меѓу кои е и капитенот Марко Ројс, додека Санчо од клупа ќе чека шанса. Поради повреди ги нема Џан, Шулц и Витцел, додека предводникот на Шалке Дејвид Вагнер не може да смета на Кабак, Маскарел и Стамбули како првотимци на оваа екипа.
Состави:
Дортмунд: Бурки, Аканжи, Хумелс, Пишчек, Хакими, Гереиро, Дилејни, Брант, Дахуд, Рејна и Халанд.
Шалке: Шуберт, Настасиќ, Тодибо, Сане, Калиџури, Кени, Меккени, Харит, Очзипка, Сердар и Раман.
https://twitter.com/BVB/status/1261600466091343872