11.8 C
Skopje
вторник, 18 ноември 2025

Тажна приказна: Играше на Светско првенство во Мексико, а сега е бездомник во Лондон

Поранешниот канадски репрезентативец Пол Џејмс го допре дното во животот поради алкохолот и дрогата и сега живее како бездомник во Лондон.

Џејмс, кој со репрезентацијата на Канада настапи на Светското првенство во Мексико 1986 година и беше примен во Фудбалската куќа на славните во својата земја, во 1998 година беше обвинет за користење кокаин, по што одлучи да си замине и да се пресели во Лондон, каде што сега е бездомник и веќе четири години не видел никого од своето семејство.

Неговата мајка починала во јуни минатата година, а тој за тоа дознал дури по два месеца и се надева дека преку разговорот со „Дејли мејл“ ќе успее да се смири со татко му.

„Мојата фудбалска кариера ми беше сè. Не требаше да пропуштам ниту еден ден. Доколку утре извршам самоубиство, што нема да се случи, луѓето би разбрале бидејќи тоа беше крвава бруталност. Зошто просам? За да можам да бидам независен, да се вратам во „нормала“ и да можам да носам нова облека, а не користена“, изјави Џејмс.

- Оглас -

Најнови вести