Тажна вест ја потресе ракометна Македонија – Почина познатиот тренер Андон Бошковски

Тажна вест ја потресе ракометна Македонија, а ноќеска на 47-годишна возраст почина познатиот македонски тренер Андон Бошковски.

Популарниот Доне долго беше во ракометот и беше тренер на двата наши гиганти Вардар и Металург, потоа и на РК Струга, Голден Арт, Радовиш, Работнички, а работеше и во Романија, Грузија и на Косово.

Бошковски беше идел од стручниот штаб на македонската репрезентација во период од 2008 до 2013 година и важеше за еден од најдобрите аналитичари на ракометната игра кај нас.

 

 

- Оглас -

Најнови вести