Тажна вест: Навивач почина за време на натпревар во НБА

За време на натпреварот меѓу Сакраменто кингс и Њу Орлеанс пеликанс на трибините почина навивач на Кралевите.

Навивачот колабирал за време на првата четвртина и веднаш му била укажана лекарска помош од стручните служби во „Голден 1 центар“ арената, а набрзо пристигнале и екипи на итна помош и пожарникарска единица, но не успеале да му го спасат животот на навивачот.

„Персоналот во „Голден 1 центарот“ е известен дека едно лице на трибините не реагира. Кога пристигна возилото, пронајдовме маж од 30 години“, соопшти пожарникарската единица во Сакраменто.

Лекарите 20 минути се обидувале да го реанимираат, но нивните напори биле неуспешни.

„За време на првата четвртина на натпреварот меѓу Сакраменто и Њу Орлеанс, гостинот добил идна медицинска помош. Итната помош реагирала и се обидела да го реанимира, но нивните обиди биле неуспешни и навивачот починал. Сакраменто кингс им изразува сочуство на семејството и блиските пријатели“, стои во соопштението на Сакраменто.

- Оглас -

Најнови вести