Тажна вест од Италија, згаснува клуб кој беше пред вратата на Лигата на шампионите

Фудбалскиот клуб Киево од Верона ќе постои само уште неколку денови. Симпатичниот клуб кој додека се натпреваруваше во Серија А, во својот врв беше незгоден ривал за сите фаворити, а пред 15 години, дојде и на чекор од пласман во Лигата на шампионите кога испадна од Левски во плејофот, беше исфрлен од Серија Б, и не му се дозволува ниту да тргне од најнискиот ранг, Серија Д.

Поранешниот капитен на Летечките магариња, Серџо Пелисие, се бореше да најде инвеститори за спас на клубот и откуп на името, но не успеа. Иако има рок до 24-ти август да го направи тоа, Пелисие крева раце и напиша емотивна порака.

Киево е ставен под административна контрола откако претседателот Лука Кампедели со години не плаќал данок. Пелисие кој играше за Киево од 2001 до 2019 година, и градоначалникот на Верона се обидоа да го рестартираат тиот под името Киево 1929. Не успеаја, и тука за жал, приказната завршува.

- Оглас -

Најнови вести