Тажна вест: Почина еден од најдобрите ММА нокаутери

Ентони „Рамбл“ Џонсон, еден од најдобрите нокаутери во ММА спортот, почина вчера во САД. Џонсон двапати се бореше за титулата во полутешка категорија во организацијата УФЦ.

Во двете борби за шампионскиот појас, „Рамбл“ Џонсон загуби од Даниел Кормиер, а по вториот меч во битката за титулата во 2017 година замина во пензија.

По двегодишна пауза, се врати во октагонот, потпиша за Белатор и учествуваше на турнирот за титулата. Го помина првото коло, а потоа минатото лето се повлече поради болест. Џонсон тогаш откри дека е тешко болен и дека тргнува во најважната борба во животот и дека никогаш не се плашел толку многу.

За жал, минатиот месец неговиот менаџер Али Абделазиз откри дека Џонсон се наоѓа во тешка здравствена состојба и ги замоли фановите да се молат за ММА борецот.
Засега не е познато од што боледувал Џонсон, но медиумите шпекулираат дека токму оваа болест е причина за смртта.

Во ММА-кариерата, Џонсон оствари 23 победи и имаше шест порази, а победуваше големи имиња во ММА спортот, како Андреј Арловски, Фил Дејвис, Рајан Бадер, Гловер Тешеира и Александер Густавсон.

- Оглас -

Најнови вести