Тажна вест, почина легендарниот капитен на Камерун од Мундијалот во 1990

Тажна вест пристигна од Камерун, на 57-годишна возраст почина легендарниот фудбалер Стивен Татав, човекот кој во 1990 година беше капитен на репрезентацијата која направи историски успех, и стана прва африканска селекција која стигнала до четвртфинале на Светско првенство.

Во првото коло на тој Мундијал, Камерун на „Џузепе Меаца“ во Милано ја шокираше тогаш светскиот првак Аргентина, предводена од Диего Марадона, а Камерунците испаднаа во четвртфиналето од Англија, по продолженија.

Татав беше десен бек, а почина поради долгогодишна болест. Тој играше и за СП во 1994 година, а немаше богата клупска кариера, настапуваше само за камерунски и јапонски клубови. Како репрезентативец, освои титула на Африканскиот куп на нации во 1988 година.

- Оглас -

Најнови вести