Тажна вест: Почина легендарниот Мирчеа Луческу

Фудбалскиот свет е во тага – легендарниот романски стратег Мирчеа Луческу почина денеска на 80-годишна возраст во универзитетската болница во Букурешт, каде што беше хоспитализиран од 29 март.

Доскорешниот селектор на Романија до последно беше активен – ја предводеше репрезентацијата во полуфиналето од баражот за пласман на Светското првенство против Турција, со што стана највозрасниот селектор кој водел национален тим на официјален натпревар.

Според информациите, Луческу починал по серија компликации што се појавиле во вторникот. Тој веќе една недела бил во болница, откако колабирал во соблекувалната на репрезентацијата поради вентрикуларна тахикардија, за време на технички состанок со играчите. Состојбата дополнително се влошила во петокот, кога доживеал и акутен инфаркт.

Зад себе остава богата и импресивна кариера – ќе остане запаметен како трет најтрофеен тренер во историјата на фудбалот со дури 38 официјални трофеи. Во Лига на шампиони водел 115 натпревари и се наоѓа меѓу тренерите со најмногу настапи во елитното европско натпреварување.

Во текот на кариерата седел на клупата на гиганти како Интер, Галатасарај, Бешикташ, а најдлабока трага остави во Шахтјор Доњецк, каде што мина цели 12 години и изгради доминантен тим. Покрај тоа, беше и селектор на Турција и Романија.

- Оглас -

Најнови вести