Тажна вест: Почина некогашниот репрезентативец Александар Јовиќ

Тажна вест за македонскиот ракомет. Ноќеска ненадејно почина поранешниот репрезентативец и актуелен тренер на екипата на Пролет, Александар Јовиќ. Имаше 51 година.

Јовиќ е роден во 1973 година во Босна и Херцеговина, во градот Бјелина, а во играчката кариера петпати ја освојуваше шампионската титула во македонското ракометно првенство.

Во сезоната 1994/95 играше за екипата на Борец од Велес, а потоа во 1997/98 беше дел од составот на Јафа Промет од Ресен. Играше и за екипите на Сплит и Загреб, а беше дел и од македонските гиганти Вардар и Пелистер. Играчката кариера ја заврши во тимот на Металурт.

Тренерската кариера на Јовиќ започна во Автокоманда, каде што прво го водеше вториот тим на Металурт, а потоа и првиот состав. Работеше и во Битола, во екипите на Еурофарм Пелистер 2, а потоа и во првиот тим. Под негово водство, Пелистер по пауза од 18 години ја освои титулата во домашното првенство. Потоа замина да биде тренер на Пролет Тинекс.

Јовиќ беше дел од славната репрезентативна генерација на Македонија, која ги направи најголемите успеси на СП 2009 и ЕП 2012 година.

- Оглас -

Најнови вести