Тажна вест за вардаровото семејство – Почина легендата на клубот Ванчо Трпевски

На 87-годишна возраст во Скопје почина вардаровата фудбалска легенда Ванчо Трпевски, а веста ја соопшти неговата ќерка и позната пеачка, Искра Трпева.

„Каква големина од човек беше ти. Кои зборови да ги кажам да ја опишат твојата добрина, професионализам, а пред се зборот родител. Дел од мојата душа и срце отидоа со тебе. Ти благодариме што беше наш татко. Патувај со ангелите, тебе само таму ти е местото. Те сакаме многу. Ти тоа го знаеш. Последното испраќање на нашиот татко и сопруг ќе биде на градските гробишта Бутел на 31.12 во 11 часот. Почивај во мир татичко“, објави на социјалните мрежи Искра Трпева.

Ванчо Трпевски целата кариера ја мина во својот омилен клуб Вардар, најпрво како играч, а потоа и како тренер.

Го предводеше тимот од клупата во сезоната 1993/94, кога Вардар ја освои втората шампионска круна во независна Македонија.

Под негова команда се создадени генерации и генерации успешни фудбалери, а Трпевски беше селектор на јуниорската и младинската репрезентација на Македонија.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести