Тажниот Модриќ: Не знам од каде најде судијата 8 минути продолжување, фудбалот беше суров кон нас

Лука Модриќ не кажа дали ја завршува репрезентативната кариера, уште се силни впечатоците кај него и целиот хрватски тим после шокот кој им беше приреден во 98-ма минута против Италија, по што безмалку сигурно останаа без место во осминафиналето на ЕВРО 2024.

„Не знам што да ти кажам. Не знам каде судијата најде осум минути за продолжување. Им благодарам на навивачите, секогаш се со нас. Теоретски можеме да поминеме, но никогаш ништо не ни се поклопувало. Еве и тука со Албанија без победа остануваме во 95-та минута, сега во 98-ма. На наша кожа се докажа дека фудбалот е суров. Ќе видиме дали е време да се збогувам, сега не е време за тоа“, изјави Модриќ веднаш после мечот.

За Хрватска да оди понатаму, потребни им се победи на Англија над Словенија и тоа убедлива со барем три гол разлика, на Данска против Србија, на Турција со Чешка и на Португалија против Грузија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести