6.8 C
Skopje
петок, 30 јануари 2026

Тажно и премногу емотивно: Синот на Ван Перси доживеа тешка повреда пред очите на својот татко

Феенорд доживеа двојна драма во Лигата на Европа. Тимот загуби со 1-2 на гостувањето кај Бетис и беше елиминиран, но уште полошо е што Шакил ван Перси се здоби со тешка повреда. Тоа предизвика силни емоции најмногу кај неговиот татко и тренер на тимот од Ротердам, Робин ван Перси.

Младиот напаѓач влезе во игра во второто полувреме, а кратко потоа настрада по еден воздушен дуел. Помладиот Ван Перси падна лошо, при што коленото му направи неприродно движење. Играчот го напушти теренот на носилки и со солзи во очите, а покрај аут-линијата го чекаше татко му, кој исто така тешко ја преживуваше ситуацијата.

„Не изгледа добро. Дополнителните тестови ќе треба да покажат каква е реалната состојба, но првите знаци не се добри“, промрморе вознемирениот Робин ван Перси по натпреварот.

Тренерот на Феенорд не сакаше да коментира за каква повреда станува збор.

„На крајот, кога ќе се случи нешто вакво, се грижиш за секој играч. Вечерва тоа му се случи на Шакил. Се надевам дека не е толку сериозно. Особено кога ќе ги слушнеш првите прогнози дека не е така, тоа е срцепарателно. Јас сум тренер, но и негов татко. Ужасно е за него што го доживува ова. Се надевам дека нема да биде толку лошо, но првите знаци не се позитивни“, додаде поранешниот холандски репрезентативец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести