Тажно – Кучето Нала две недели го чека газдата Емилијано Сала

Кучето на исчезнатиот фудбалер Емилијано Сала со тажен поглед две недели стои покрај прозорецот и го чека својот газда да се врати дома. Аргентинецот имаше авионска несреќа на 21-ви јануари, а откако го најдоа авионот на дното на Ла Манш, се чека да се најде телото на Сала за тој и официјално да биде прогласен за мртов.

Вчера во авионот беше пронајдено и едно тело, а веројатно денеска ќе се знае дали е Сала или пилотот Дејвид Иботсон.

Сестрата на Сала, Ромина, објави емотивна порака (Нала те чека!), а постираше фотографија на која кучето Нала стои пред прагот крај вратата, гледа во далечина и го чека Сала да се врати. Ромина вели дека Нала го прави ова секоја вечер. За жал, нема да го дочека.

- Оглас -

Најнови вести