Тажно – Би-би-си објави снимка на 45 минути пред трагичниот лет на Емилијано Сала: Авионот е крш и личи дека се распаѓа, страв ми е… (Видео)

Британскиот медиумски гигант Би-би-си објави аудио и видеоверзија за трагичниот лет на Емилијано Сала, кој загина во авионска несреќа на 21 јануари во 2019 година.

Снимките се направени на 45 минути пред стартот на кобниот лет од Нант кон Кардиф.

„Јас сум во авион што личи дека ќе се распадне. Страв ми е“ се последните зборови на несреќниот фудбалер што се снимени непосредно пред да се загуби секакова трага на малиот авион „Пајпер“ што леташе од Нант кон Кардиф, а и буквално исчезна некаде над Ла Манш.

Сала се враќаше од Нант за Кардиф, откако пристигна во францускиот град за да се прости со своите соиграчи по трансферот во велшкиот клуб, кој тогаш играше во англиската Премиер лига.

Претходно и аргентинскиот „Оле“ објави слична содржина со последните зборови на Сала, но сега Би-би-си објави и видеоверзија комбинирана со аудиозвук непосредно пред кобниот лет на арентинскиот фудбалер.

Летот беше трагичен, а на аудиоснимката што ја објави Би-би-си се слуша и гласот на пилотот Давид Иботсон, кој исто така загина во трагичната авионска несреќа во јануари пред три години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести