Тажно: Пропаѓа стадионот кој до пред некоја година беше меѓу најубавите во Европа (Фото)

Стадионот „Донбас арена“ во Доњецк, до пред една деценија беше гордост на Украина, клубот Шахтар на него играше многу важни натпреври од Лигата на шампионите, таму се прославија некои идни ѕвезди на светскиот фудбал, а сега состојбата во која се наоѓа стадионот и особено околината околу него, е катастрофална.

Шокантни фотографии покажуваат како изгледа „паркот“ околу „Донбас арената“. Некогаш имаше средено зеленило и клупи, а сега клупите и пешачките патеки се речиси целосно покриени со дива трева.

После воениот конфликт со источниот дел на Украина, оваа територија сега е под владение на Русија, и Украинците се жалат дека Русите не се грижат за стадионот за чија изградба беа потрошени 400 милиони долари.

Последниот натпревар на овој стадион се одигра на 2 мај 2014 година, кога Шахтар го победи Иличивец со 3-1.

- Оглас -

Најнови вести