Фудбалскиот клуб Жирондин Бордо ја извести Француската фудбалска федерација дека се откажува од својот професионален статус.
Клубот сезонава имал нето загубата од 40 милиони евра, па иако на терен обезбеди опстанок во втората француска лига, сепак, поради долгови, беше испратен во трета. По преселбата во лигата Национал, клубот реши да се откаже од статусот професионален, а тоа донесе и автоматско раскинување на договорите на сите играчи и затворање на тренинг центарот.
Сега се чека судот да реши дали Бордо ќе оди во стечај или ќе биде ликвидиран.
Бордо е шесткратен шампион на Франција, последен пат тимот ја освои титулата во 2009 година. За овој клуб играле легенди како Ален Жирес, Жан Тигана, Зинедин Зидан, Кристоф Дугари, и тажно е што им се случува ова.