Тажно: Вака изгледа коленото на Родри по операцијата (Фото)

Шпанскиот фудбалер од Манчестер сити, Родри, официјално беше прогласен за најдобар во 2024 откако првпат ја освои Златната топка, но тој веќе неколку месеци е надвор од терените поради повреда на коленото.

Сега за првпат во јавноста се појавија фотографии од неговото колено по повредата, а очекувањата се дека на фудбалските терени ќе се врати дури налето и ќе биде дел од подготовките на Манчестер сити за следната сезона.

Родри само една недела пред повредата предупреди дека сезоната е пренапорна и побара намалување на бројот на натпревари. Шпанецот, кој пред да потпише за Сити играше и за Виљареал и Атлетико Мадрид, минатата сезона одигра 50 натпревари за клубот и осум за репрезентацијата.

- Оглас -

Најнови вести