Тбилиси ни е многу блиску – Македонија е на 45 минути до финале (Видео)

Македонија е само на 45 минути до пат за Тбилиси и финален меч за пат на Европско првенство откако води со 2:1 по првото полувреме против Косово во Скопје.

Поведовме во 16-тата минута со автоголот на Кололји по ударот на Стефан Ристовски, а Косово израмни по грешката на Столе Димитриевски во 29-тата минута.

Сепак, за предност на нашата селекција се погрижи Дарко Велковски, со прекрасен удар со глава во 33-тата минута, по слободниот удар и центаршутот што го испрати Енис Барди.

https://streamable.com/ygdet6

 

- Оглас -

Најнови вести